„Дневник“ од денеска се печати целосно во боја

Од:

Дневниот весник „Дневник“ од денеска почнува да се печати целосно во боја.

„Денеска е голем ден за македонското новинарство. Од денеска „Медиа принт Македонија“ врти нова страница во печатените медиуми. Ова е голем ден за нас, особено за „Дневник“ бидејќи денес излегува 5.000. број на најчитаниот и највлијателниот дневен весник во земјава.

– Од денеска,  „Дневник“ за иста цена на читателите им нуди поголема вредност, ќе излегува целосно во боја и со тоа е првиот дневен весник во Македонија што целосно е отпечатен и дистрибуиран во боја“, рече на денешната конференција за печат извршниот директор на „Медиа принт Македонија“ Виктор Доневски.

Првиот број на „Дневник“ излезе на 20 март 1996 година, а го основаа македонските новинари Миле Јовановски, Бранко Героски и Александар Дамоски.

Би можело да ве интересира

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество