Дневен центар за старите лица во Скопје

Од:

Старите лица во Скопје од денеска добиваат Дневен центар за стари лица и Центар за давање помош во домашни услови.

Реализацијата на проектот чини 2 милиони денари, а парите се од буџетот на град Скопје.

„На овој начин ќе се овозможи организиран начин на минување на времето на старите лица, но и нивна меѓусебна социјализација. Исто така, 60 изнемоштени стари лица коишто живеат сами ќе добиваат грижа, односно медицински и социјални услуги во домашни услови: мерење на шеќер во крвта, мерење на притисок, давање совети за исхрана, помош во купување прехранбени продукти, лекови и сл., придружба на старото лице при одење на лекар, на прошетка, како и други активности за социјализација.

– Во Центарот е отворена и телефонска линија на којашто граѓаните ќе можат да се јават и да добијат информации за функционирањето на Дневниот центар и можностите за користење на услугите”, изјави градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски .

Министерството за труд и социјална политика одвои 700 илјади денари за адаптација и опремување на дневниот центар.

„Се надевам дека реализацијата на овој проект ќе значи пример и за другите градоначалници како можат да им го разубават животот на своите пензионери и повеќе да се грижат за старите лица во нивните Општини”, изјави министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски.

Домашна посета за почеток ќе се врши на околу 180 стари лица.

 

Би можело да ве интересира

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер

Деановски и Ралповски: Постигнат e договор со Владата за унапредување на правата на административците

Горан Наумовски

Ревизорите алармираат: Владата плаќа скапи возила на лизинг без вистинска конкуренција