А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ДКСК: Широка јавна расправа за деветте предлог-измени на закони поврзани со Коридорите 8 и 10д и да не се носат по скратена постапка

by А1он10/04/2023 - 15:26376
Share0

Неопходна е поширока јавна расправа за деветте предлог-измени на закони поврзани со Коридорите 8 и 10д, со цел да се намалат ризиците од можни злоупотреби, од корупцијата, како и од законски решенија, чија имплементација ќе создаде дополнителни проблеми и затоа тие не треба да се носат по скратена постапка, смета Државната комисија за спречување на корупцијата.

Добивај вести на вибер

– ДКСК смета за потребно да укаже дека во Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025, во секторот Политички систем, како еден од приоритетните проблеми кои треба да се адресираат е утврдено носењето на голем број на закони во скратена постапка без соодветно образложение за оправданост за овој вид постапка. Од тие причини, во Националната стратегија нагласено е дека е од суштинска важност да се обезбеди рационално користење на инструментот за носење на закони по скратена постапка во Собранието и подигнување на квалитетот на процесот на носење на законите преку подетално уредување на процената на влијанието на регулативата, велат од ДКСК.

Оттаму укажуваат дека треба да се преиспита најавеното донесување на законите во скратена постапка од причина што, како што велат, со тоа се рушат основните постулати на правната држава, се зголемуваат ризиците од корупција и не се остава простор за јавна расправа, а пред сè не се остава простор за произнесување на стручната јавност за содржината на законските одредби.

– Со предложените измени на законите кои треба да се донесат во скратена постапка се задира во повеќе области меѓу кои и работничките права, правото на сопственост, заштитата на животната средина и други. Оттаму, неопходна е поширока јавна расправа со цел да се намалат ризиците од можни злоупотреби, ризиците од корупцијата, како и ризиците од законски решенија чија имплементација ќе создаде дополнителни проблеми, велат од ДКСК.

dksk

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ со 2,2 милиони денари ја почестиле фирмата на синот на антикорупционерката Ристовска

Горан Наумовски30/01/2026 - 11:42

Левица: Повеќе од еден месец молк од антикорупциска за тендерските шеми на Томовски – дали и овие докази се „изгубија“ во октоподските пипци?

Горан Наумовски27/01/2026 - 19:24

Левица: Со демантот за октоподот, ДКСК индиректно призна дека работи за власта

Горан Наумовски22/01/2026 - 16:50

Во Антикорупциска има мрежа преку Цвета Ристовска за контрола на предмети за ВМРО-ДПМНЕ, тврди Левица

Катерина Ѓуровски21/01/2026 - 11:34

Левица: ДКСК со Цвета Ристовска наместо да го спасува Томовски по втор пат да го истражи случајот со тендерите

Горан Наумовски11/12/2025 - 12:04

Адем Чучуљ e избран за претседател на ДКСК

Горан Наумовски03/12/2025 - 14:02
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен