ДКСК постапува по предмети оформени по пријави од укажувачи

Од:

Државната комисија за спречување на корупцијата на денешната 44-та седница постапува по повеќе предмети оформени по пријави од укажувачи согласно Законот за заштита на укажувачите.

Директорката на ДКСК Билјана Ивановска, на почетокот информираше дека овој дел од седницата ќе биде затворен за јавноста.

– Втората точка се однесува на постапување по предмети оформени од укажувачи согласно Законот за укажувачи и ќе ги замилам новинарите по завршување на првата точка да се исклучат. Поради законските одредби за заштита на укажувачите, овие точки ќе ги поминеме на затворена седница, изјави Ивановска.

На денешната седница ДКСК, како прва точка на дневен ред ги усвои записниците од 37-та, 39-та, 40-та, 41-ва и 43-та седница.

Членовите на ДКСК пред усвојување на записниците продиксутураа за одредени технички грешки и прописти во записниците.

Би можело да ве интересира

Левица: Ристовска врши тортура врз вработените во ДКСК

Горан Наумовски

Левица: ДПМНЕ со 2,2 милиони денари ја почестиле фирмата на синот на антикорупционерката Ристовска

Левица: Повеќе од еден месец молк од антикорупциска за тендерските шеми на Томовски – дали и овие докази се „изгубија“ во октоподските пипци?

Левица: Со демантот за октоподот, ДКСК индиректно призна дека работи за власта

Во Антикорупциска има мрежа преку Цвета Ристовска за контрола на предмети за ВМРО-ДПМНЕ, тврди Левица

Левица: ДКСК со Цвета Ристовска наместо да го спасува Томовски по втор пат да го истражи случајот со тендерите