ДКСК ќе разгледува дали е прекршен Изборниот закон при изборот на ректор на УКИМ

Од:

Државната комисија за спречување на корупцијата денеска ќе ја одржи својата 35-та седница.

Според најавата, ДКСК на седницата ќе расправа по предметот оформен по сопствена иницијатива заради постоење на сомневање за прекршување на членот 8-а став 1 алинеа 3 од Изборниот законик во постапката за избор на ректор на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје, како и по други предмети поврзани со изборниот период 2020 година.

Согласно препораките на Владата за спречување на ширењето на Ковид-19, како и немањето услови за присуство на новинарски екипи во овој период, седницата ќе се одржи без присуство на медиуми, a во живо ќе биде пренесувана на линкот https://us02web.zoom.us/j/86398457855.

Би можело да ве интересира

Левица: ДКСК со Цвета Ристовска наместо да го спасува Томовски по втор пат да го истражи случајот со тендерите

Адем Чучуљ e избран за претседател на ДКСК

(ВИДЕО) Огњеновиќ: СДСМ поднесе пријава до ДКСК за тендерите од девет милиони евра, заедно со сите докази

Горан Наумовски

13 кандидати за претседател на ДКСК

ДКСК ќе поднесе иницијатива за утврдување одговорност во АД Електрани

Ристовска порача: ДКСК останува посветена на своите законски обврски