А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ДКСК ќе отвори предмет за „Еуровиа“-тенедерот од МНР за фирмата блиска до ДУИ

by А1он29/08/2023 - 18:52494
Share0

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ќе отвори предмет поврзан со компанијата „Еуровиа“, која го доби тендерот на Министерството за надворешни работи (МНР), во вредност од 1,8 милиони евра.

Добивај вести на вибер

– На денешниот колегиум ДКСК утврди дека во конкретниот случај постојат елементи за наделжно постапување на комисијата и од аспект на материјалноста бидејќи се работи за високи износи но и за ризици за политичка повзаност, изјави претседателката на ДКСК Билјана Ивановска, објави Телма.

„Еуровиа“ доби тендер од 1,5 милиони евра без ДДВ за да ја преадаптира салата „Борис Трајковски“ за министерскиот состанок на ОБСЕ во ноември и во декември. Но, и лани имала тековни зделки со државата и општините, а според јавно објавените податоци истата година фирмата донирала и 1,8 милиони денари на политичката парија ДУИ, а еден од сопственици на Елмедин Адеми донирал 2,5 милиони денари.

Согласно Законот за финансирање политички партии, партии не можат да се финансираат од „приватни претпријатија кои во моментот на давање прилог за политичката партија вршат јавни услуги за државни органи или за јавни установи, претпијатија и фондови по пат на договор“.

Од „Еуровиа“ негираат дека има прекршување на законот. Во соопштението не пишува која „Еуровиа“ со кој даночен број донирала со оглед на тоа што има неколку фирми кои го содржат името „Еуровиа“, а се поврзани со истоимената групација. Сопственици се Елмедин Адеми и Елдин Адеми, кој од минатиот месец, е шеф на огранокот на ДУИ во Јегуновце

dksk

Би можело да ве интересира

Левица: ДКСК извршила директна дискриминација врз пратеникот Апасиев

Горан Наумовски19/02/2026 - 13:36

Левица: Оставката на Ристовска не е личен чин туку признание по изнесените скандали од страна на Левица

Горан Наумовски13/02/2026 - 13:4513/02/2026 - 15:04

Цвета Ристовска поднесе оставка од функцијата член на ДКСК

Горан Наумовски13/02/2026 - 12:1213/02/2026 - 12:37

Левица: Ристовска врши тортура врз вработените во ДКСК

Горан Наумовски07/02/2026 - 12:2207/02/2026 - 12:23

Левица: ДПМНЕ со 2,2 милиони денари ја почестиле фирмата на синот на антикорупционерката Ристовска

Горан Наумовски30/01/2026 - 11:42

Левица: Повеќе од еден месец молк од антикорупциска за тендерските шеми на Томовски – дали и овие докази се „изгубија“ во октоподските пипци?

Горан Наумовски27/01/2026 - 19:24
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен