ДКСК: Ќе ги преземеме соодветните чекори во врска со тендерот од 1,8 милиони евра на „Еуровиа“

Од:

Отворање на предмет бара одредени чекори во постапувањето. Во моментов не можеме да дадеме друга информација освен тоа дека како и со сите предмети досега, ќе ги преземеме соодветните чекори, изјавија од Државната комисија за спречување на корупција во врска со барањето на министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ДКСК да го истражи тендерот од 1.8 милиони евра што го доби компанијата „Еуровиа“ ДООЕЛ од Желино за реконструкција и уредување на салата „Борис Трајковски“ за конференцијата на ОБСЕ во декември.

Од ДКСК посочија дека нема да ја коментираат изјавата на министерот Османи, дека не знаел дека „Еуровиа“ е донатор на ДУИ и побараа по ова прашање да се произнесат и другите институции.

На прашањето дали ќе побараат информации од ДУИ и компанијата зошто го прекршиле законот преку донациите, од ДКСК одговорија дека информациите се побарани.

– Информации се побарани, да се докомплетираат и другите информации што ги имавме и претходно од нивните страни, предметот е при крај и кога ќе бидеме конкретни ќе се произнесеме на некоја наредна седница, посочија оттаму.

Според ДКСК, волја за борба против корупцијата во нашата држава има само во ДКСК.

– Веќе е време да не се прашува ДКСК што со нашите иницијативи. Немаме надлежност да ја цениме работата на другите, бидејќи ако се пуштиме да ја цениме работата и да кажеме дека не е постапено според наша иницијатива, тоа е веќе притисок и влијание, рече членот Нури Бајрами, кој дополни дека прашањата треба да се канализираат преку медиумите и јавноста до посочените институции. а

Би можело да ве интересира

Левица: ДКСК извршила директна дискриминација врз пратеникот Апасиев

Левица: Оставката на Ристовска не е личен чин туку признание по изнесените скандали од страна на Левица

Горан Наумовски

Цвета Ристовска поднесе оставка од функцијата член на ДКСК

Горан Наумовски

Левица: Ристовска врши тортура врз вработените во ДКСК

Горан Наумовски

Левица: ДПМНЕ со 2,2 милиони денари ја почестиле фирмата на синот на антикорупционерката Ристовска

Левица: Повеќе од еден месец молк од антикорупциска за тендерските шеми на Томовски – дали и овие докази се „изгубија“ во октоподските пипци?