ДКСК: Јавна опомена до Ристевски и Вучковски за судир на интереси

Од:

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) констатира состојба на судир на интереси кај лицата Кире Ристевски и Гоце Вучковски поради извршување две функции истовремено и поради повреда на член 9 од Законот за спречување судир на интереси.

Гоце Вучковски, истовремено со функцијата член на Совет на Општина Ранковце на која е избран на локалните избори одржани 2013 година се уште ја извршува односно не се откажал од извршување на функцијата управител на Трговското друштво за производство, трговија и услуги „ДИЈО ГРАДБА“ ДООЕЛ увоз-извоз, село Гиновци, Ранковце што е спротивно на наведениот член од законот.

Кире Ристевски, соопшти денеска ДКСК, кумулација на функции, истовремено со функцијата член на Советот на Општина Демир Хисар ја извршува и функцијата директор на Средното општинско училиште „Крсте Петков Мисирков“ Демир Хисар.

Постапувајќи согласно со одредбите од Законот за спречување судир на интереси, а во насока на отстранување на констатираните состојби на судир на интереси, ДКСК се обратила до наведените лица со барање во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на барањето доброволно да се откажат од извршувањето на едната од двете функции кои истовремено ги извршуваат, односно да се откажат од извршување на функцијата управител на трговско друштво или установа.

Гоце Вучковски и Кире Ристевски, соопшти ДКСК, не постапиле по барањето поради што е донесена одлука да им се изрече мерка јавна опомена.

Согласно со член 25 став 2 од Законот за спречување судир на интереси мерката јавна опомена се објавува во средствата за јавно информирање.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Интервју со Огненовски: Треба да имаме доживотни и смртни казни за сите што ја пљачкаат Македонија, да се конфискува се што е нелегално стекнато од 1991 година наваму

Пивоваров: Полиграфска проверка на службениците на границите, како мерка за сузбивање на корупцијата

Антикорупциска испитувала непотизам на битолскиот универзитет: Вработен професор кој бил второрангиран

Напредок од два индексни поени и девет позиции на Индексот на перцепција на корупција за 2023

Јан Коп до Ахмети: Посветеноста за членство во ЕУ е загрозена поради падот на владеењето на правото

Грковска-Нефју: САД ја продолжуваат поддршката на Македонија за спречување на корупцијата

Орце Костов