• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

ДКСК: Финансирањето на спортските активности во општините – област со висок ризик за корупција

by А1он22/04/2021 - 14:19222
Share0

Државната комисија за спречување на корупцијата во однос на предметот со наводи против градоначалникот на Куманово за злоупотреба на неговите овластувања со трошење пари на незаконски начин за лични потреби и за негови блиски лица, кои не биле вработени во општината донесе заклучок дека исплатата и распредлебата на средствата за реализација на Програмата за развој на спортот и рекреативните активности на граѓаните во Општина Куманово за 2019 година не е транспарентна. Заклучи и дека е нејасно како се распределени средствата во спортските клубови и дали се финансирани други рекретативни спортски активности на граѓаните, кога сите средства се исплатени директно на Општинскиот Сојуз на спортови.

Добивај вести на вибер

Предметот се поврзува со лицето А.К, брат на побратимот на градоначалникот, волонтер во Општината, кој се претставувал како вработен раководител на Сектор за евроинтеграции и задолжен за проектни инвестиции, а истовремено бил претседател на Кошаркарскиот клуб – Куманово, финансиран од Сојузот на спортови, што е пак опфатен со Програмата за спорт во буџетот на Општина Куманово.

Според ДКСК не е јасно и дали е донесена програма за волонтирање.

-Се констатира дека се работи за лошо управување и несоодветно применето дискреционо право од страна на градоначалникот поради тоа е побарано да постапуваат и други надлежни тела, рече Нури Бајрами, член на ДКСК.

Тој меѓу другото информира дека градоначалникот на Куманово не доставил копии од одлуките на Советот и решенија за извршување на буџетот при доделување средства за спортските клубови донесени во 2019 година, што било побарано од ДКСК. Објаснил дека Програмата и измените се донесени од Советот и од предивдените средства од износ од 13 и пол милиони денари, 13 милиони денари во 2019 година директно се исплатени на Општинскиот сојуз на спортови, но, како што рече, Бајрами, не доставил никаков доказ за распределбата на исплатените средства од страна на Сојузот и колку средства добил КК во Куманово.

dksk

Би можело да ве интересира

Левица: ДКСК со Цвета Ристовска наместо да го спасува Томовски по втор пат да го истражи случајот со тендерите

Горан Наумовски11/12/2025 - 12:04

Адем Чучуљ e избран за претседател на ДКСК

Горан Наумовски03/12/2025 - 14:02

(ВИДЕО) Огњеновиќ: СДСМ поднесе пријава до ДКСК за тендерите од девет милиони евра, заедно со сите докази

Горан Наумовски02/12/2025 - 12:5102/12/2025 - 12:58

13 кандидати за претседател на ДКСК

Горан Наумовски18/08/2025 - 14:48

ДКСК ќе поднесе иницијатива за утврдување одговорност во АД Електрани

Предраг Петровиќ15/08/2025 - 16:02

Ристовска порача: ДКСК останува посветена на своите законски обврски

Горан Наумовски15/08/2025 - 14:48
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен