ДКСК до ЈО со иницијатива за истражни дејствија за донесувањето на ДУП „Голем ринг“

Од:

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната седница му предложи на Јавното обвинителство да ги преземе сите истражни дејствија, да ги обезбеди сите неопходни докази, да ги утврди сите релевантни факти и да донесе законита и правична јавно – обвинителска одлука во однос на реализација на ДУП „Голем ринг“ јужен дел исток, што опфаќа простор помеѓу улиците „Васил Аџиларски“, реката Вардар и булеварот „Кочо Рацин“, улицата „Мирче Ацев“.

Иницијативата од ДКСК се однесува на градоначалникот на Општина Центар во периодот од 2009-2013 година, на градончалникот на Општина Центар од 2013-2017 година, раководителот на Секторот за урбанизам во општина Центар од 2012 година, раководителот на Секторот за уредување на просторот во Министерството за транспорт и врски во истиот период, помошникот раководител на Секторот за планирање и уредување на просторот на Град Скопје во истиот период, како и на двајцата планери и овластеното правно лице „Билт“ ДОЕЛ Скопје, фирмата што го изработувала планот.

– Иницијативата е затоа што во постапката за изменување и дополнување на ДУП Голем Ринг за Општина Центар за 2012 – 2017 година тие ја злоупотребиле својата службена положба и ги пречекориле границите на службеното овластување, постапувајќи спротивно на членови од Законот за просторно и урбанистичко планирање и со тоа прибавиле значителна имтона корист за сопствениците на градежната парцела 1.1. од ДУП во делот „Голем ринг“, рече претседателката на ДКСК Билјана Ивановска.

Овој ДУП е донесен 21 декември 2012 година, а ДКСК смета дека со неговото носење сторени се повреди како од страна на планерите, кои како професоналци од областа се обврзани да постапуваат според правилата од струката и законските прописи, но и од страна на вработените во општината и во Градот Скопје и во Министерството за транспорт и врски, кои ги занемариле ваквите пропусти и со тоа овозможиле донесување на ДУП спротивен на законските прописи.

Основата за оваа иницијатива за кривично гонење е битката кои дел од граѓаните ја водат со локалните и државните моќници години наназад, истакна Билјана Ивановска, претседателка на ДКСК и додаде дека на истиот начин се донесени и бројни планови во Општина Центар и најави дека ДКСК понатаму ќе истражува и за останатите планови кои на многу сличен начин биле донесени во тој период односно не биле усогласени со Генералниот план од 2002 година, ниту со тој од 2012 година.

– Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување од КЗ, ДКСК до Јавното обвинителство доставува иницијатива за поведување постапка за кривично гонење службени лица кои со своето постапување односно не постапување придонеле во 2012 година да се донесе ДУП неусогласен со Генералниот урбанистички план и да се резлизира имотна корист кај сегашните сопственици на парцелата која е дел од од ДУП-от, појасни Ивановска.

Таа изрази надеж дека ќе произлезе некаков епилог по оваа иницијатива од страна на ДКСК.

Ивановска информира дека на средба со актуелниот градоначалник на Општина Центар им било кажано дека на почетокот на неговиот мандат до ЈО поднеле информации кои се однесуваат на законско пречекорување на ДУП-овите.

Заклучно досега, подвлече Ивановска, од ЈО не сме виделе некоја поголем аактивност и се надеваме дека вака разработена нашата иницијатива, како што рече, ќе им помогне побрзо да дејствуваат.

Ивановска информира дека во функција на решавање на проблемите од урбанизмот и градежништвото, ДКСК имале состаноци со министерот за транспорт и врски и со директорката на Агенцијата за планирање на просторот, како и со сите градоначалници од оваа областа, по што било заклучено дека причините за ова состојба треба да се бараат многу наназад во годините.

Нури Бајрами, член на ДКСК ги повика сите институции и вработените во јавниот сектор да укажуваат на вакви случаи и да станат заштитници за животната средина.

Би можело да ве интересира

ДКСК поднесе иницијатива за дисциплинска постапка против член на Судскиот совет

Горан Наумовски

Димитровска: ДКСК постигна значителен успех во борба против корупцијата

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче 6 години криел 5 стана, неговите анкетни листови се доказ, ги праќаме во соопштение сами нека воочат

ДКСК побарала податоци за имотната состојба на генералниот секретар на Владата и за патувањето на синот на премиерот во САД

ДКСК: Дипломатскиот пасош е право, а не привилегија, службени возила не сме побарале

ДКСК оформила предмети за заменик директорката во Агенцијата за разузнавање и за поранешниот заменик министер во МВР