За едни освежување, за други одвлекување на вниманието на јавноста но и признавање на дебаклот во некои владини ресори. Во тимот на Груевски, една ротација и две нови лица.
Спиро Ристовски наместо социјалата ќе го „оправа“ образованието.
Панче Кралев, ергенот во Владата, кој вети дека ќе се жени, од лични и фамилијарни причини уште на 19.април соопштил дека се повлекува. Како министер не можел да се докаже во образованието, но затоа сега ќе го советува премиерот како да го подобри образовниот процес.
Нов министер за труд и социјала ќе биде Диме Спасов, кој досега го раководеше скопскиот катастар.
Новина во Владата е Џери Наумоф, предложен е за министер без ресор.
Со предлогот, доставена е и негова биографија.
Наумоф пораснал во Колумбус, Охајо, во големо македонско емигрантско семејство по потекло од Ѓавато. Тој работел на различни позиции во ресторанот на неговото семејство од најмала возраст, па се до колеџ. Тој и неговата сопруга Луан во брак се 30 години и имаат шест деца, од кои две се посвоени од домот за деца без родители во Битола.
Има меѓународно искуство и работел во повеќе реномирани компании. Џери Наумоф го завршил своето образование на Колеџот за бизнис маркетинг и бизнис администрација при Универзитетот Ball State University, 1980 година во Индијана.
Основач и претседател е на „Наумоф Груп ИНК.“ во Чикаго, Илиноис, консултантска компанија за управување со тотален ризик, која започнала со работа во 1993 година.
Наумоф Групацијата е дел од алијансата на експерти на Employee Benefits, Pension, Human Resource, Executive Wealth Management and Commercial Business Insurance. Оваа алијанса вклучува пет партнери кои менаџираат над 200 компании од различни индустрии во Соединетите Американси Држави, претставувајќи над 50 милиони долари на премии од осигурување и други 100 милиони долари од пензиски средства под управување.
Како дел од неговото континуирано образование, тој завршил две пост-дипломски студии на Американското здружение за менаџмент (American Management Association) (управување со продажба и наука на бихејвиоризам) и на Temple University (склучување договори за директен медицински провајдер).
Од 2001 до 2007 година тој и неговиот партнер Крис Ставроф, со група на американски инвеститори ја започнаа НСР Интернешенал, ДОО (д.б.а. Пелагонија). Тие увезуваа минерална вода со приватна етикета од Европа и има некои добро познати клиенти во САД како Крогер (Атланта), една од светски најпознатите трговци на мало со продавници за прехранбени артикли, Хајат Риџенси Скотсдејл Ризорт и Спа (Аризона), едно од најдобро рангираните места за одмор во земјата и Вестин хотел (Чикаго).
Последните неколку години Џери насочи еден од неговите клиенти да ја префрли работата за развој на ИТ во Македонија и работи со уште еден клиент за префрлање на работата со CAD инженерство (дизајн со помош на компјутер) исто така во Македонија. Неодамна, Сенаторот на САД (Илиноис), Марк Кирк, го покани Наумоф да биде дел од неговиот Европски советодавен одбор како претставник на македонско-американската заедница во областа на Чикаго.