Џафери: Вратите на НАТО и ЕУ треба да останат отворени

Од:

НАТО и ЕУ имаат многу инвестирано во земјите од Западен Балкан, а сега е време да се соберат резултатите. Ова го истакна министерот за одбрана Талат Џафери во своето обраќање за време на меѓународната конференција за одбрана и безбедност во Батуми, Република Грузија.

На панелот насловен „Проширувањето на НАТО алијансата – трендови и перспективи за земјите аспиранти“, Џафери го потенцираше големиот напредок во безбедноста и сеопфатниот развој на сите земји од Западен Балкан, процес реализиран преку регионалната соработка и спроведувањето на националните реформи, соопштија денеска од Министерството за одбрана .

Проширувањето со Македонија, Грузија, и со земјите од Западен Балкан и Кавказ, како што посочил Џафери, ќе има позитивно влијание врз НАТО и ЕУ. – Преку тој процес и НАТО и ЕУ стануваат посилни придонесувачи кон глобалната безбедност, додаде тој.

Говорејќи за современите безбедносни предизвици, министерот посочил дека, тие треба да се решаваат заеднички и решително, за што пример се колективните акции на НАТО во Југоисточна Европа кои донесоа мир, стабилност и просперитет на целиот регион, како и успешните операциите во Авганистан, Либија и Мали.

Во Батуми, министерот Џафери остварил средба со заменик помошник секретар за одбрана на САД за Русија, Украина и Евроазија, Евелин Фаркаш. На конференцијата присуствувале високи претставници од земјите членки на НАТО и партнерите, експерти и претставници од повеќе владини, невладини и меѓународни институции како и реномирани претставници од високите образовни институции.

Конференцијата има за цел да се промовира одбранбената дипломатија, транспарентност на одбранбениот и безбедносниот сектор, развој на приоди кон заедничка одбрана, како и подобрување на можностите за билатерална и мултиратерална соработка.

Би можело да ве интересира

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

Мицкоски: Армијата денес е симбол на новото време

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски