Џафери: Со нови знаења и пријателства од воениот „Летен кампус 2013”

Од:

Ова е доказ дека армиите, министерствата за одбрана и претставниците на земјите учеснички од регионот заедно со земјите пријатели во меѓународниот воен камп „Летен кампус 2013” можат заеднички да се обучуваат и да се стекнат со нови знаења за да се справуваат со конфликтни ситуации, изјави министерот за одбрана Талат Џафери на стрелиштето „Брест“ на армискиот полигон „Криволак“ по затворањето на меѓународниот воен камп „Летен кампус 2013”.

Студентите на кампот, нагласи тој, стекнатите пријателства подоцна можат да ги продлабочуваат во армиите на земјите од кои доаѓаат.

На стрелиштето „Брест“ се одржа показно-тактичка вежба на тема „Мултинационални сили за задача (чета) во изведување на операции за поддршка и стабилизација”.

– Ова е уште еден доказ дека земјите и народите од регионот можат да соработуваат во справувањето со различни ситуации. Ние и во иднина ќе имаме вакви заеднички активности кои ќе не зближуваат, истакна Џафери.

Според амбасадорот на Обединетото Кралство во Македонија Кристофер Ивон, кој денеска беше на „Криволак“, особено убаво е да се видат питомци од мултинационалните сили на земјите учеснички кои имаат, како што меѓу другото рече, прекрасни импресии од кампот.

Вежбата беше последна фаза од кампусот на кој студентите и питомците имаа можност да се стекнат со одредено академско ниво во доменот на постконфликтните операции, а особено од меѓународните организации како НАТО и ЕУ. Покрај тоа учесниците на кампусот се запознаа и со дел од мерките, постапките и напорите за справување со дополнителни предизвици кои се надвор од мисијата, како што се хуманитарни операции, справување со елементарни непогоди, работа со медиумите.

Задоволство од кампусот изрази и полковникот Методија Дојчиновски, кој подвлече дека прв пат оваа година учествуваа студенти и кадети од 17 земји во светот.

– Имавме теоретски и практичен дел. Овие искуства младите подоцна ќе ги применуваат во пракса. Цел на сите нас е борбата против тероризмот и зачувувањето на мирот во светот. За десет дена имавме околу 250 претставници, од 6 земји и тоа од Македонија, САД, Велика Британија, Косово, Бугарија, Црна Гора, рече полковник Дојчиновски, додавајќи оти бројот на заинтересирани за оваа активност секоја година расте.

Би можело да ве интересира

Членовите на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТO во „контрола“ на касарната „Илинден“

Сиљановска-Давкова: Безбедносните закани бараат големи вложувања во одбраната, напредните технологии и оружја

Горан Наумовски

Лафчиски: Нашето членство во НАТО е гаранција за мир и стабилност во земјата

Во сообраќајка се преврте возило на АРМ, едно лице е повредено

На воениот отпад во Ѓорче Петров се истепаа двајца војници на АРМ

Мисајловски: Условот од два отсто од Буџетот за одбрана е исполнет, 32 отсто одат на модернизација