Џафери продолжи со молчење на Комисијата за труд и социјална политика

Од:

Координаторот на пратеничката група на ДУИ Талат Џафери на денешното дваесетто продолжение на седницата на Комисијата за труд и социјална политика повторно го искористи своето право за изјаснување со молчење за Предлог законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и на членовите на нивните семејства.

Џафери молчеше повеќе од два часа, а неговите колеги парламентарци од другите пратенички групи времето го поминаа читајќи собраниски материјали и друго.

Пратениците од опозициските партии денеска повторно реагираа што пратеникот Џафери продолжи со молчење на Комисијата за труд обвинувајќи за блокада на институциите.

Според Андреј Петров од СДСМ, со ова се покажува „фингираната битка на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ“.

– Во Комисијата за труд и социјална политика, Талат Џафери кој беше прилично гласен во петокот кога ја бранеше владата на Груевски, повторно замолкна и денеска ја блокираше работата на комисијата, рече Петров на прес-конференција. Дополнително, според него, нема иницијатива за разрешување и на отворените прашања кои ја блокираат работата на институциите, злоупотребите на децата во училиштата, ниту пак заштита на единството на командата во армијата.

Обраќајќи им се на лидерите на владејачките ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ Никола Груевски и Али Ахмети, Петров ги повика да демонстриаат пред граѓаните доверба онака како што прикажале при гласањето во петокот и да покажат капацитет за решавање на проблемите. Запрашан до кога законот може да толерира вакво однесување, Петров изјави дека законот не толерира вакво однесување и оти двете партии од владината коалиција ги блокираат институциите, што според него, е незапамтено.

Пратеникот Горан Мисовски од НСДП вели дека денешнатра седница на Комисијата за труд и социјална политика само ја потврдува тезата дека продолжува договорената стратегија за подигнување на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ злупотребувајќи ги националните чуства и на Македонците и на Албанците.

Би можело да ве интересира

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање

Не е точно дека пратениците имаат приватно здравствено осигурување, реагира Собранието

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза