Џафери: Нема ништо спорно во тоа Етеми Шевал да стане мајор

Од:

Министерот за одбара Талат Џафери околу анонимното писмо од вработен во АРМ вели дека засега нема ништо официјално, но не гледа ништо спорно доколку капетанот Етеми Шевал, алијас командант Валјони, на денот на армијата добие повисок чин и стане мајор.

-Ако капетанот ги исполнува условите ќе биде унапреден. Писмото не сум го видел, но обвинувањата дека тој е еден од тие што го направиле злочинот со Мавровските работници се покажаа како неточни. Тој е ослободен од обвинението и работи како офицер во армијата – изјави министерот Џафери за Либертас.

Тој тврди дека за чин мајор не е точно, како што се тврди во анонимното писмо, дека е потребен сертификат за работење со класифицирани информации.

-Таков сертификат е потребен ако е поставен на место кое го бара тоа, но не и за чинот мајор – додава Џафери.

Во анонимното писмо од вработен во АРМ до редакцијата на порталот Мактел.мк се наведува дека на 18-ти овој месец, на празникот на АРМ, началникот на генералштабот ќе го унапреди командант Валјони во мајор и покрај тоа што бил еден од оние кои се изживувале врз мавровските работници за време на конфликтот во 2001-та година.

Би можело да ве интересира

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

Мицкоски: Армијата денес е симбол на новото време

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски