Дизниленд ликови ќе протестираат денеска против панорамското тркало

Од:

На кејот на Вардар, во близина на Камени мост, денеска ќе се одржи протест против изградбата на панорамското тркало од група граѓани кои се организираат преку социјалните мрежи. Настанот е најавен како „Скопје не е Дизниленд“ и е реакција на барокот и антиквизацијата на градот кој го преуреди централното подрачје. Панорамското тркало, велат организаторите, е круна на непотребното и несоодветно трошење на јавните пари.

Протестот ќе започне во 18 часот, а ќе се одржи и граѓанско собрание на која ќе се разменат мислења за потребата од панорамско тркало. Во знак на пародизирање на зафатите во центарот на Скопје, демонстрантите ќе се облечат во костуми и маски од карактерите на Дизниленд.

– Сакаме да им порачаме на одговорните дека СКОПЈЕ НЕ Е ДИЗНИЛЕНД и ова лудило МОРА да сопре. Продолжуваат да се градат контроверзни зданија и споменици без соодветна јавна дебата и консултација со жителите на овој град.Ние не сакаме нашите поколенија да отплаќаат долгови со непоимливи камати за оваа естетска и политичка катастрофа. Кога во градот имаме над 30 проценти невработеност, незадоволителна инфрастуктура и илјадници луѓе на минимална плата од 8.000 денари кои немаат доволно ни да си ги прехранат фамилиите, на Скопје не му требаат нови долгови и идеолошки Дизниленд.

На Скопје му треба модерна инфрастуктура и прогресивни идеи за развој на економијата и соживот. Придружете ни се на граѓанското собрание за да започнеме разговор за излез од овој као-антички, квази-барок, скопско-дизни кошмар? За да покажеме што чувствуваме за се што е изградено од шмизлите па навака ќе носиме маски и костуми. Индијанци, каубојци, кловнови, дизни карактери и карикатури, придружете ни се!, се наведува во поканата на објавена на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски