ДИЖС со вонреден инспекциски надзор во Дрисла

Од:

Депонијата за комунален отпад Дрисла го почитува решението на Државниот Инспекторат за животна средина, за неработење на инсинераторот за согорување на медицински отпад во денови кога има надминување на прагот на алармирање. Ваков бил заклучокот по вонредниот инспекциски надзор што ДИЖС го извршиле во Дрисла.

„Во периодот од 01.01.2018 год. до денот на вонредниот надзор 10.01.2018 год. истиот не е во функција, а примениот медицински отпад се складира во контејнери. Инспекторатот беше информиран дека согласно задолжението од решението се постапува и во тек е набавка на воден скрубер/филтер за постоечкиот инсинератор и истиот ќе биде инсталиран во периодот кој следи. Во текот на вонредниот надзор Депонијата Дрисла работеше редовно за прием на комунален отпад од Република Македонија“, стои во соопштението што го испрати Државниот инспекторат за животна средина.

Инспекторатот, од страна на менаџментот добил информација дека сите потребни процедури и дозволи за набавка на нов инсинератор се завршени и согласно склучениот договор се очекува опремата да пристигне до средината на април. Од Дрисла информирале дека по пристигнувањето на опремата, во рок од 45 дена би се пристапило кон монтажа на истата, а намената на инсинераторот би била освен согорување на медицинскиот отпад и производство на електрична енергија.

„Се очекува пробната работа да отпочне во текот на месец јуни оваа година. За сите преземени активности редовно ќе биде информиран Државниот Инспекторат за животна средина. Од Комисијата за спогодување при Министерството за животна средина и просторно планирање и правниот субјект Дрисла Инспекторатот беше известен дека согласно санкцијата од Комисијата е постапено, односно казната е платена во рок од 8 дена при што е платено 50% согласно постоечките законски одредби“, објаснува ДИЖС.

Инспекторатот бил известен и дека во Дрисла бил извршен надзор од страна на Дирекцијата за радијациона сигурност, во однос на јонизирачко зрачење и било констатирано дека нема зголемено ниво на радиоактивност.

Би можело да ве интересира

„Дрисла“ се соочува со казна од 120.000 евра и шест илјади евра за управителот, за загадување на Маркова река

Дрисла: МВР и ОЈО да ги пронајдат подметнувачите на пожарот во депонијата

ДИЖС: МВР води истрага за причините за пожарот во Дрисла

(ВИДЕО) „Луѓето се исплашени, чадот е страшен, можно е да е канцероген“: Гори депонијата Дрисла

A1on

Арсовска го казни со 90.000 евра градоначалникот на Кисела Вода за исфрлањето на сметот пред портите на „Дрисла“

A1on

ЈП Дрисла: Градоначалниците на Кисела Вода и на Аеродром немаат договор со депонијата, каде го фрлале сметот досега?

A1on