Диви свињи опустошиле насади и лозја во кратовско Живалево

Од:

Диви свињи уништиле речиси сто отсто од лозовите насади ,а 90 отсто родот на пченка на дел од жителите на кратовското село Живалево.

Ѓорги Арсов, 67-годишен жител на Живалево се пожали дека ова е четврта година по ред како диви свињи ги оставаат и без род, но и без храна за добитокот.

-Четири години го одгледувам лозјето, 840 лозови насади ,сорта шпалир,носам вода по 100 литри на рамена, а трпам штети кои никој не ми ги надоместува. Не само јас и соселаните. Дивите свињи го раскопуваат теренот, уништуваат лозја, пченка, грав, компир и останато..И ноќва не спиев, стражариме но попусто, не можеме да си ги одбраниме поседите. Записник изврши инспектор за земјоделие од Кратово и вешто лице за проценка на штети, но не сме обештетени години наназад, рече Арсов.

Со реонот стопанисува Ловечко друштво Буковец, Кратово од каде ловочувар излегол на терен и направен е записник.

Жителите на Живалево стравуваат од напаст на свињите кои речиси секој ден уништуваат поседи.

-Стеблата од пченка ги користев како добиточна храна, а сега ќе морам и да продадам една од двете крави, од кои преживувам, додава Арсов.

Би можело да ве интересира

ОЈО: Маж од Кратово ја тепал и ја давел сопругата, таа се ослободила и со нож го убила него и неговиот татко

Горан Наумовски

МВР со детали за жената која ги избоде мажот и свекорот во Кратово

Двојно убиство во Кратово, 36-годишна жена со нож ги усмртила сопругот и свекорот

Педофил од Кратово силувал девојче од Пробиштип

А1он

Нападнати три лица од Кратово во казино во Крива Паланка

А1он

Хелсиншки комитет: Бараме одговорност за крајната небрежност на институциите во кратовскиот случај