Дирк Јан Коп: Проценувањето за Северна Македонија и Албанија треба да биде индивидуално

Од:

“Може да биде проблем доколку и натаму дел од членките на Европската Унија инсистираат Северна Македонија и Албанија да одат во пакет.

Сметаме дека проценувањето треба да биде индивидуално и таа проценка ќе доведе во позиција во овој момент да видиме простор Северна Македонија да ги започне преговорите за членство, а не гледаме простор за Албанија.

Ова е пристап базиран врз заслуги”, вели холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп.

Според него, тоа што другите во Унијата имаат поинаков пристап и сакаат ова прашање да го третираат во пакет, повторно може да е проблем.

“Ние земјите ги проценуваме индивидуално и таа проценка не доведе во позиција во овој момент да видиме простор Северна Македонија да ги започне преговорите за членство, а не гледаме простор за Албанија.

Ова е пристап базиран врз заслуги. Тоа што другите во Унијата имаат поинакво пристап и сакаат ова прашање да го третираат во пакет, повторно може да е проблем, но се соочуваме со фактот дека ќе добиеме нов извештај од Комисијата, до крајот на месецов веројатно, нови извештаи за двете земји”, вели холандскиот амбасадор.

Дополнува дека би бил многу изненаден доколку нивната проценка за Северна Македонија би се сменила.

“Сè уште мислам дека откако ќе го добиеме извештајот од Комисијата дека има простор земјава да ги започне преговорите”, вели холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Горан Наумовски

МВР: Од 12 октомври нов систем за влез/излез од ЕУ, со што сè треба да се подготват патниците

Горан Наумовски

ЕУ ги менува правилата поради Украина и Молдавија

А1он

Орбан: Западот планира да ја ограби Украина под изговор дека сака да ја заштити

Медиуми: Домаќинствата во земјите од ЕУ се предупредени да подготват пакети за преживување

ЕУ ја забрзува трката по минерали – нов повик за рудници, Македонија ќе се усогласува

Предраг Петровиќ