Директорот Сотировски на средба со амбасадорот Јацек Мултановски

Од:

Директорот на Комисијата за односи со верските заедници Даријан Сотировски се сретна со амбасадорот на Полска во нашата држава Н.Е. г-дин Јацек Мултановски.

На средбата се разговараше за можностите за идна соработка како и за автентичните искуства во двете држави во меѓуконфесионалните односи и мотивирањето на соработката на конфесиите.

Директорот Сотировски изрази надеж дека во следниот период со воведувањето на редовна авио линија Скопје-Варшава ќе се зголеми бројот на полски државјани кои ќе ја посетат Македонија и ќе можат да се запознаат со древните сакрални објекти, кои ја прават нашата држава препознатлива во целиот свет. КОВЗРГ во соработка со верските заедници и други државни органи во следниот период ќе изготви понуда за посета на сакралните објекти низ државата од странски туристи.

Амбасадорот му посака на директорот успешна работа и ја изрази својата потполна поддршка кон работењето на Владата на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Лидерите на верските заедници потпишаа Декларација против насилен екстремизам

Поглаварите на верските заедници повикуваат на соживот и почитување на државните симболи и симболите на сите етнички заедници

Верските лидери, како неканети гости само ги „бакнаа“ собраниските порти

Јавна расправа: Мајчинството е ексклузивно право на жената

Спасеновски: Помеѓу верските заедници во Македонија постои разбирање, но и проблеми

Наум Локоски

Планинарска акција „Милениумска патека“

Наум Локоски