Директорката на Трудовиот инспекторат Тренчевска не може да каже што точно се внесува во законот за неработна недела

Од:

Измената на законот за работни односи се уште е во тек, па поради тоа не можам да кажам што точно се регулира со членот од законот за работни односи, според кои недела ќе се смета за неработен ден, изјави денеска директорката на Државниот инспекторат за труд Јована Тренчевска.

Таа потенцира дека на измената работат Министерството за труд и социјална политика во координација со социјалните партнери.

-Во однос на измените на законот за работни односи, за регулирање на недела како неработен ден сакам да истакнам дека измената е во тек, се уште не е конечен предлогот и затоа не можам да кажам што ќе регулира тој член од Законот за работни односи, а во самиот предлог ќе биде даден начинот на кој Државниот инспекторат за труд ќе ги врши контролите за почитување на оваа одредба од законот, изјави директорката на државниот инспекторат.

Тренчевска информира дека досегашните извештаи со кои располага Државниот инспекторат за труд покажале дека во најголем дел се почитува исплатата за додаток за време на празник и додаток за прекувремена работа, односно дека мал е бројот на работодавачи кои не го почитуваат оваа право на работниците.

Додаде дека досега контролите се вршеле со увид во исплатите на работниците кои работат за време на државен празник или прекувремено, така што од исплатните листи можело да се види дали е иплатен додатокот за работа за празник или прекувремена работа.

Би можело да ве интересира

Шеснаесет решенија за забрана за работа за непочитување на препораките за заштита од топлотниот бран

Синдикатот е против враќањето на „работна“ недела

Стопанската комора сака средба со синдикатите за „недела неработен ден“

Серија пропусти во вработувањата во М-НАВ констатирал Инспекторатот за труд

Томовска: Во координација со финансиската полиција ќе одлучиме дали инспекцискиот надзор во М-НАВ ќе се прошири

Кривични пријави за смртта на багеристот на објект во Дебар Маало