Директорката на СОУ „Св. Кирил и Методиј“ од Неготино си поднесе оставка

Од:

Директорката на неготинското Средно училиште „Св. Кирил и Методиј“ Менча Зафирова од морални причини поднесе оставка, по настаните и обвинувањата поврзани со екскурзијата на средношколците во Италија.

Од Службата за односи со јавноста на Општина Неготино се наведува дека и покрај одличната соработка и многуте започнати и реализирани проекти со цел подобрување на условите за непречено одвивање на наставно-образовниот процес во училиштето, директорката Зафирова, иако, како што стои, не е директно виновна за случувањата на екскурзијата, од морални причини до градоначалникот Тони Делков доставила писмена оставка на функцијата вршител на должноста директор.

Градоначалникот Делков ја прифатил оставката, се заблагодарил на досегашната одлична соработка и најавил постапување согласно неговите законски овластувања.

Екскурзијата на неготинските гимназијалци стана позната во јавноста, откако двајца средношколци биле оставени во Италија, а имаше и обвинувања околу самата организација на екскурзијата, но и за однесувањето на дел од учениците.

Советот на родители ја обвини Агенцијата која го организирала патувањето, а случајот го испитува и Министерството за образование и наука.

Би можело да ве интересира

Инцидент близу Неготино: 26-годишник е тешко повреден во несреќен случај

ВИДЕО: Изгоре куќа во пожар во Неготино

Катерина Ѓуровски

Семејна драма: Син осомничен дека се закануваше на својот татко

Обвинителство: Маж од Неготино бараше припадниците на ромската националност да им се забрани да гласаат на избори

Горан Наумовски

Рекетар му се закануваше на градоначалникот на Неготино и на неговото семејство, насилникот бараше 3.000 евра

Горан Наумовски

После четири години истрага, поднесено е обвинение за несреќа каде загина работник во сепарација на Вардар

Горан Наумовски