Дирекцијата за заштита и спасување со два авиони и денеска активна во гаснењето пожари на Скопска Црна Гора

Од:

Пожарите на Скопска Црна Гора и денеска се активни. Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека од утрово интервенираат со два авиона и во 14 налети исфрлени се 35 тони вода.

-Воздухопловите и пилотите на ДЗС и денес направија се што е во нивна моќ и надлежност, стои во соопштението во кое од Дирекцијата апелираат до сите инспекциски и земски надлежни служби (противпожарна, шумска полиција) агилно да се ангажираат и извршуваат своите задачи, да вршат редовни контроли и превенција, за да не се создаваат нови вакви пожари.

Од Дирекцијата за заштита и спасување апелираат и до населението посовесно да се однесува на отворен простор, да не палат отпадоци и стрништа, бидејќи и најмала искра може да доведе до пожари од големи размери.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Од вкупно 22 пожари денес, само пет се активни

ЦУК: Од девет регистрирани пожари, четири се активни

ЦУК: Од вкупно 29 пожари во изминатите 24 часа, само три се активни

Горан Наумовски

Локализиран е пожарот во близина на Римскиот аквадукт кај Скопје, при гаснењето дошло до инцидент, па реагирала и полицијата

Горан Наумовски

ЦУК: Со денови гори букова шума на Кожуф

ЦУК: Пламна голем пожар во атарот на скопското село Батинци