Диполоматскиот синдикат бара Евроатлантската заедница да го разгледа легитимитетот на актуелната власт

Од:

Изразуваме надеж и очекување дека Евроатлантската заедница ќе го разгледа статусот и легитимитетот на актуелната власт во Македонија, и со соодветен третман ќе се постави во функција на враќање на правниот поредок во Република Македонија, на надминување на севкупната криза и со тоа и на продолжување на евро- атлантските интегративни процеси на Република Македонија, велат од Синдикатот на Македонската дипломатска служба.

Тие ја потсетија Евроатланската заедница дека Емил Димитриев беше поставен на позицијата Претседател на Влада само за спроведување на изборите и дека повеќе не е премиер на Република Македонија.

Синдикатот на Македонската дипломатска служба исто така укажа дека и покрај посетите на високите претставници од ЕУ, политичарите од ВМРО-ДПМНЕ немаат намера да ја предадат власта на мирен и демократски начин.

Како пример за тоа, од синдикатот ја посочија подготовката на Александар Николоски за упатување на функцијата амбасадор на Република Македонија во Брисел. Како што велат, со тоа, не само што се продолжува со привидот на „нормалност“, значи наводна легалност и легитимност, туку и се прекршува базичниот принцип на кредибилитет зацртан и во Виенската конвенција за дипломатски односи.

-Се работи за нелегитимна власт која надвор од пропишаната процедура определува амбасадор и шеф на дипломатско претставништво, велат од Дипломатскиот синдикат.

Би можело да ве интересира

МДС: За Генерален конзул во Мелбурн се предлага целосно анонимна личност

Горан Наумовски

Дипломатски синдикат: Османи за конзул во Њујорк испраќа штотуку вработен во МНР кој нема дипломатско звање

A1on

Дипломатски синдикат: Министре Османи тешка смрдеа се шири од тоалетите во МНР

A1on

Дипломатски синдикат: Доста беше лажење министре Османи

Горан Наумовски

Македонски дипломатски синдикат: МНР не ги почитува препораките на Владата

Горан Наумовски

Македонски дипломатски синдикат до Османи: Долга е листата на вашите гревови