Дипломатскиот синдикат реагира за поведени дисциплински постапки за тројца дипломати

Од:

Македонскиот дипломатски синдикат при Конфедерацијата на слободни синдикати денеска обвини дека против тројца дипломати се водат дисциплински постапки поради тоа што имале настап на трибина посветена на македонската дијаспора. Од Синдикатот посочуваат дека станува збор за релативно млади квалитетни дипломати.

– Во постапката е потврдено дека овие тројца млади дипломати на ниту еден начин не го нарушиле угледот на куќата, ниту пак го нарушиле угледот на МНР. За грев им е земено само тоа, што за своите настапи не побарале согласност од министерот. Само тоа. Притоа, постапката се повикува на (не) славниот Етички кодекс на МНР, кој предвидува ваква обврска за вработените, велат од Синдикатот.

Оттаму информираат дека е поднесено барање до Уставниот суд за да се прогласи оваа одредба за ништовна.

– Не само што ваквата одредба на Етичкиот кодекс е спротивна на Кодексот донесен од МИОА, туку е во спротивност и со највисокиот акт на државата, Уставот, со кој недвосмислено се заштитени, како дел од основните човекови права и слободи, слободата на јавната мисла и правото на настап, оценуваат од Синдикатот.

Македонскиот дипломатски синдикат, како што се наведува, уште сега ги предлага тројцата дипломати за следната титула Дипломати на годината 2020.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија