Дипломати во САД: Блокадата за Северна Македонија и Албанија е регрес и огромна грешка

Од:

НАТО има голема улога во обезбедување на европската иднина на Западен Балкан, а закочениот процес со недоделување датум за старт на преговори со ЕУ за Северна Македонија и Албанија е „уназадување“ и „огромна грешка“, порачаа дипломати и експерти на панел во Атлантскиот совет.

Блокадата за старт на преговори беше сериозно уназадување за двете земји, изјави Александар Вершбоу, поранешен заменик на генералниот секретар на НАТО и бивш амбасадор на САД во Русија.

– Се надевам дека ова е само привремено одлагање на процесот, а на стратегиско поместување на ЕУ, спротивно евроантлантските интеграциии на земјите во Западен Балкан, во кои е вклучена и Србија, изјави амбасадорот.

Тој укажа дека со тоа што американскиот Сенат го ратификува влезот на Северна Македонија во НАТО и останува уште неколку земји да го сторат истото, влезот на нашата земја во воената алијанса треба да се случи најдоцна до наредната пролет.

-Во интерес на Европа е сите овие држави да го следат патот, кои други веќе го поминаа, да ги исполнат потребните реформи што ќе го направи Западниот Балкан многу постабилно место и ќе ги намали шансите за руско влијание, додаде тој.

Италијанскиот амбасадор во САД, Армандо Варикио, рече дека ветото на ЕУ за Северна Македонија е погрешна одлука и побара поголема политичка ангажираност од страна на европските земји од Медитеранот.

-Одлуката да не се отворат преговори со Албанија и Северна Македонија, кратко и јасно, е огромна грешка. Предизвиците овде не се поединечи или национални, туку мултидимензионални и мултинационални. Колку повеќе работат заедно сите земји од Медитеранот, подобро е, порача Варикио.

Според нив НАТО и Европската Унија треба да развијат заедничка стратегија на југот од Европа. Брисел да се фокусира на прашањата како владеење на право, невработенст, инфлација и развој, а НАТО на изградба на безбедносни капацитети.

Со заедничка инвестиција во технолошки можности, заклучија тие, евроатлантските сојузници би можеле да се справат со влијанието на Русија и Кина.

Би можело да ве интересира

Новинар отпуштен поради „непријатно“ прашање за Газа; „Русија нападна, Израел се бранеше“

Унгарија формира „сојуз на скептици“ кон Украина

ЕУ ја повикува Кина да помогне во завршувањето на војната во Украина

Горан Наумовски

Лидерите на ЕУ се согласија да одговорат на итните финансиски потреби на Украина во следните две години

Лавров: ЕУ и НАТО се обединија против Русија

Лопатка: Мора да го видиме напредокот во Црна Гора и во Албанија, а гледам и добри шанси за Македонија