Диневски вети изградба на нови булевари во Битола

Од:

Во нашата изборна програма имаме предвидено многу инфраструктурни проекти, а едни од нашите врвни приоритети од оваа област се и изградба на нови булевари, изјави денеска Менде Диневски, кандидат за градоначалник на „Сојузот за иднината“ во општина Битола.

„Покрај булеварот „Васко Карангелевски – Партизанска“ кој веќе го промовиравме пред граѓаните на Битола, денеска ќе Ви презентираме, уште едно сообраќајно решение од интерес за битолчани, кое ќе го подобри сообраќајот, но и изгледот на нашиот град. Тоа е булеварот „Дулие – Грозд“ во должина од 3 500 метри, кој ќе се протега долж улиците Иван Милутиновиќ – Едвард Кардељ – 4-ти Ноември – до ул „Борис Кидрич“ во центарот на градот.

– Булеварите ќе имаат четири коловозни ленти, по две во еден правец, со зеленило во средината. Од двете страни ќе бидат реконструирани и тротоарите, но исто така ќе бидат изведени и хортикултурни решенија на дрвореди, а ќе биде поставена и современа урбана опрема заедно со најсовремената хоризонтална и вертикална сигнализација. Со овој проект, Битола ќе добие лик на современ европски град, сообраќајно организиран, како што впрочем Битола и битолчани заслужуваат“, рече Менде Диневски.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември