Диневски: Тодоров е прв министер што забрани штрајк

Од:

СДСМ со став дека министерот за здравство ќе биде запишан во политичката историја како првиот министер кој со судска одлука го ограничи уставно загарантираното право на штрајк во Македонија.

„Се покажа дека министерот Тодоров, а и целата ВМРО-ДПМНЕ се подготвени да сторат сè само да не успее штрајкот на лекарите и како дете кое се инаети, да покажат дека ќе биде по нивно.

Откако формираа веќе четири паралелни синдикати, откако ги пуштија директорите на сите можни начини да им се закануваат на лекарите, сега го достигнаа врвот на своето недемократско однесување, со поднесување на тужби и пријави кон самостојниот синдикат во здравството“, рече Менде Диневски од СДСМ, претседател на собраниската комисија за здравство.

Според него, на големо се зборува дека одлуката на судот е донесена и пред да започне постапката само се бира време кога ќе биде и официјално објавено дека за прв пат во Македонија ќе се забрани штрајк.

„Министре Тодоров, лекарите не се лажните жртви на транзиција, лажните стечајци и земјоделци и сите други лажни здруженија кои ВМРО ДПМНЕ ги формира за да манипулира со нив.

Лекарите не Ви згрешиле со тоа што зборуват за плата, што се грижат за нивната семејна егзистенција, за нивниот дигнитет и за вреднување на нивниот труд.

Лекарите, ниту ве навредиле, ниту ве понижиле, ниту сториле криминал за да завршат во судница.

Тие само се борат за работничките права, за почитување на нивниот труд и достоинство“, рече Диневски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Петмина уапсени во Брвеница, Мицкоски има фотографија со еден од нив

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Реформите за ЕУ се блокирани, загрижуваат антиевропските манири на власта

(ВИДЕО) Филипче: Поддршка за протестот на работниците, платите за време на СДСМ драстично пораснаа

СДСМ: Мицкоски, ги применува истите тие правила на својот учител Груевски

Горан Наумовски

СДСМ: Го поддржуваме протестот и барањата на работниците

Горан Наумовски

Нелоски: Татко ми има право на приватен бизнис, фирмата никогаш не добила тендер