Димовски: Велес не смее да биде град злоупотребен за политичката битка на Црвенковски

Од:

Оваа недела ќе одлучиме дали во наредните четири години Велес ќе биде град во кој ќе се решаваат суштински проблеми и ќе се инвестира во капитални објекти и проекти или ќе биде град на кој позначајно му е тенката шминка, обоените фасади на десетина згради во центарот и изгледот единствено на главната улица во градот, порача на прес-конференција денеска Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, кој, инаку, е велешанец.

Според Димовски, во времето на владеењето на Аце Коцевски со Велес, не се направени суштински и крупни проекти.

Аце Коцевски беше 9 години градоначалник на Велес. Доволно време да ги реши проблемите на Велес. Напротив во 9 години освен ситни поправки, фарбање на фасади и две фонтани, ниту еден суштински и крупен проект не беше направен. И кога стана градоначалник Велес ги имаше истите проблеми и кога си отиде. Единствено во тие години се зголеми бројот на невработени – рече Димовски.

Тој порача дека ВМРО-ДПМНЕ има одлични кандидати за градоначалник на Велес, како Славчо Чадиев, и советници во Советот на Општина Велес.

Велес не смее да биде град кој ќе биде злоупотребен за политичката битка на Црвенковски. Велес не смее да биде град кој ќе биде еден од ретките центри во кој опозицијата ќе ги крои своите сценарија за бојкот, за пресметки, за блокади и уништувања. Велес во рацете на Коцевски ќе биде само еден бастион на СДСМ во кој нема да се гради ништо суштински, а четири години ќе се крои политика како да се симне централната власт, рече Димовски.

Би можело да ве интересира

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

Анкети: Екстремно десничарската Партија на слободата на Австрија победи на изборите

ВИДЕО: Го натераа Џо Бајден да стави капа „Трамп 2024“

Единствена Русија прогласи победа на регионалните избори

Кремљ ги отфрли обвинувањата на Вашингтон за мешање во претседателските избори во САД