А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Димовски: Решението на МТСП докажува дека постапката во која е сменет Митревски е статутарна и законска

by А1он11/08/2017 - 16:36177
Share0

„На 04.08.2017 година, Министерството за труд и социјална политика (МТСП) донесе Решение со кое се огласува за ништовно незаконското Решение на Министерот Ибраим Ибраими со кое се стави крај на повеќегодишното уништување на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) и продавање на интересите на работниците.

Добивај вести на вибер

Донесеното Решение од МТСП, докажува дека постапката во која е сменет Живко Митревски е статурана и законска и конечно и ние Синдикатите кои што долго време го креваме гласот против кршењето на работничките права и злоупотребата на работниците почувствуваме дека правото и правдата се враќаат во Р. Македонија.

Изјавите на Живко Митревски во кои изгледа дека само тој самиот верува се неосновани и тенденциозни, полни со лаги и невистини и претставуваат последен обид да се убеди јавноста дека гробарот на синдикализмот ја има поддршката од работниците. Ваквите лаги доаѓаат од лице кое седна на фотељата на ССМ со Заклучок, а не со Решение, а на Конгресот на кој тој постојано се повикува беше избран без потребниот кворум за работа на Конгресот и со бојкот на повеќе синдикати.

Во наредниот период првиот приоритет на новото раководство на ССМ ќе биде враќањето на довербата на работниците, расчистување со криминалите на Живко Митроевски и заедно со МТСП како социјални партнери ќе ги штитиме работничките права и никогаш нема да дозволиме ССМ да го водат квази синдикалци како Живко Митресвки“ се вели во соопштението на В.Д. претседателот на ССМ, Дарко Димовски.

ssm

Би можело да ве интересира

Минималната потрошувачка кошница се приближува до 70 илјади денари

Катерина Ѓуровски19/03/2026 - 11:50

Триангл: Да се почитуваат договорите за зголемување на платата и колективните договори, а законите да се спроведуваат

Горан Наумовски17/03/2026 - 19:10

Трендафилов: Време е работниците да излезат на улица, колку ќе не слушнат зависи од бројноста

Катерина Ѓуровски13/03/2026 - 14:45

Посебен сообраќаен режим утре во Скопје поради протестот на Синдикатите

Катерина Ѓуровски13/03/2026 - 10:02

ССМ повикува на масовен протест на 14 март: Платите мора да се зголемат

Горан Наумовски11/03/2026 - 11:0711/03/2026 - 11:07

ССМ најави протест на 14 март: Една третина од работниците со плата под 30.000 денари

Горан Наумовски06/03/2026 - 14:58
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто