Димовски: Разлики во коалицијата има, за нив ќе се разговара

Од:

За односите во коалицијата став од пратеникот и директор на центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.

„ Разликите кои што постојат по однос на одредени политички прашања се исто така, и понатаму актуелни. Ќе видиме низ разговори во следниот период како ќе се развиваат работите, контактите постојат“, изјави Димовски.

Димовски нема информација дали имало средба  Груевски-Ахмети, и не може да каже кога би дошло до таква средба.

Димовски  смета дека носењето на законот за бранители не е бликрано.

„Тие користат со Деловник овозможени права во расправата. Ние и понатаму остануваме на ставот дека тој закон е позитивен и дека македонскиот Парламент треба да го донесе“, рече Димовски.

ДУИ со маратонски дебати се обидува да го одолговлечи носењето на законот, од ВМРО-ДПМНЕ бараат или да го повлечат законот, или во него да вметнат одредби со кои правата предвидени за бранителите и нивните семејства, би се однесувале и на припадниците на ОНА:

Илија Димовски, денеска го повтори ставот дека нема да го повлечат  Законот за правата на безбедносните сили и нивните семејства, чиј предлагач е пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ