Димовски: Рано е за проценка на штетите од поплавите

Од:

Се уште е рано да се каже колкав дел од земјоделските површини уништија поплавите што ја зафатија Македонија.

– Немаме податоци за штетите, многу е краток периодот. Некои површини уште се под вода. Треба да се „исцедат“ по што ќе се прави проценка, рече ресорниот министер Љупчо Димовски по денешната работилница за финансирање и осигурување во земјоделството.

Одговорајќи на новинарски прашања, тој изрази надеж дека ако не продолжат временските неприлики, земјоделците ќе најдат начин да го обноват производството со оглед дека е почеток на вегетативната сезона.

Минатата година Министерството за земјоделство исчисти 72 километра каналска мрежа, сите каналски правци што беа дефинирани. Оваа година ќе се исчистат уште 110 километри во повеќе региони, како и најкритичните точки главно во Пелагонискиот регион.

Според Димовски, при интензивни врнежи дожд, град, снег, за само 24 часа не може да се апсорбира целата вода, невозможно е да се прифати и дистрибуира во речните корита.

– Во изминатиот период се исчистени над 450 километри каналска мрежа, а има два вида, за наводнување и одводнување. Во источна Македонија канали за одводнување нема. Во случајов, станува збор за нешто што многу ретко се случува, но е голема опомена да се преземат превентивни чекори. Енормна количина вода се собра за многу кратко време што беше надвор од сите очекувања, нагласи министерот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поплави во Италија, снежна бура на Алпите, падна еден метар снег, градови се отсечени

Вардар во Велес излеан на кејот, во градскиот парк поплавени дрвјата покрај брегот

Предраг Петровиќ

Излеаната Маркова Река направи проблеми во Студеничани, Батинци, Пинтија, Горно и Долно Лисиче

Горан Наумовски

Стотици илјади луѓе во Австралија се без струја поради тропската бура „Алфред“

(ВИДЕО) Мајки со бебиња бегаат од поплавената болница во Аргентина, 10 загинати во поплави

(ВИДЕО) Поплави го погодија југоисточниот дел на САД, загинаа најмалку девет лица