Димовски: Победуваме во поголем број општини отколку што очекувавме

Од:

ВМРО-ДПМНЕ победува во најголем број од општините, дури и со поголема разлика од очекуваната, изјави директорот на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.

Со голема разлика водиме во Гази Баба, во Аеродром, во Бутел, во Радовиш, во Штип разликата е 2:1 во полза на нашиот кандидат, како и во Виница, а во Кисела Вода е поголема повеќе од двојно – изјави Димовски.

Тој истакна дека кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ водат и во Свети Николе со 3:1, во Конче, во Валандово, Гевгелија, Крушево, Кривогаштани, Пехчево, Василево, Илинден, Вевчани, Дојран, Петроврец, Македонска Каменица, Демир Капија и во Росоман.

Според Димовски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за Прилеп има двојно повеќе гласови од неговиот политички ривал од СДСМ, а во Битола од 45 отсто од обработени гласови, владејачката партија води со 4.000 гласа.

Првиот човек на вмровскиот Центар за комуникации истакна дека во скопската општина Центар и во Велес се води мртва трка меѓу кандидатите на владејачката партија и на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар