Димовски: Македонија со сопствениот пример покажува дека е можен придонес кон мирот, толеранцијата, дијалогот

Од:

Државниот секретар во МНР Виктор Димовски во своето обраќање на 17 Самит на Меѓународната организација на Франкофонијата ја нагласи подготвеноста на Република Македонија активно да биде вклучена и да ги промовира принципите и вредностите на оваа втора по бројност меѓународна организација.

„Република Македонија со сопствениот пример покажува дека е можен придонес кон мирот, толеранцијата, дијалогот и меѓусебното разбирање на регионален и поширок меѓународен план, истакна Димовски.

Подвлекувајќи го значењето на францускиот јазик како фундамент на конективноста Димовски се заложи за заеднички ангажман за охрабрување идните генерации да ги респектираат вредностите, солидарноста, мултилингвизмот и диверзитетот во функција на поефективна реализацијата на стратешките приоритети на Франкофонијата во претстојниот период.

На Самитот кој се одржа под мототo „Да cе живее заедно во солидарност, споделување на хуманите вредности и почитување на различностите – извор на мир и просперитет во франкофронскиот простор”, шефовите на држави и влади и претставниците на МНР на земјите членки усвоија Заедничка декларација и избраа нов Генерален секретар на организацијата за наредниот четиригодишен период.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија