Димовски ја посети најплодната житница во штипско-карбинскиот регион

Од:

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски денеска го посети карбинското село Трогерци, до кое нема асфалтиран пат, а во неговиот атар има од 3.000 до 4.000 хектари плодна земјоделска површина и преставува најплодната житница во штипско-карбинскиот регион.

Жителите на селото Трогерци, кои одамна се иселиле а сакаат да се вратат да ги обработуваат своите површини на лице место го образложија проблемот со патот до селото.

Димовски истакна дека ќе излезе во пресрет на барањата на жителите на Тргоерци, а општините Штип и Карбинци треба да поднесат барање и проект до Министерството за да биде дел од Програмата за рурален развој за 2015 година.

– Тоа не се големи финансиски средства, но се многу важни прво за земјоделците, второ за луѓето кои што сакаат да се вратат во селото заради тоа што токму тоа нуди можност за обработување на земјоделската површина и за производство на храна, која нам ни е потребна, вели Димовски.

Тој истакна дека жителите на Трогерци од Министерството побарале и обезбедување на вода за наводнување на земјоделските површини од Хидросистемот „Брегалница“.

– Што значи во делот на програмата на Министерството за следните десет години од 2015 до 2025 година за што наскоро ќе има и јавна расправа да биде составен дел од сите оние инвестиции кои што имаме намера и кои што веќе ги започнавме околу рехабилитација, реконструкции и проширување на водостопанскиот ситем во Република Македонија, а дел од тоа проширување ќе бидат и токму овие 4.000 хектари, вели Димовски.

Претседателот на Асоцијацијата на земјоделци, Ефтим Шаклев вели дека барањата на жителите и на оние кои што сакаат да се вратат во Трогерци се реални, бидејќи овде земјата е плодна, а покрај житните култури може да се произведува рано градинарски производи, овошни и лозови насади, а исто така има можности за развој на сточарството. Со реализирањето на двата проекти од страна на ресорното министерство ќе заживее и овој регион, бидејќи останати се само две куќи, а оние кои што имаат имоти овде можат да дојдат само во текот на летниот период.

Би можело да ве интересира

Владата одлучи: Се забранува за движење на територија на депонијата „Вардариште”

Горан Наумовски

Османи: Владата предводена од Мицкоски сака да ги врати Албанците на нивните периферни позиции од пред Рамковниот договор

Горан Наумовски

Мицкоски: Веднаш по изборите ќе има реконструкција на Владата

Митева: ДУИ кога e на власт работи на еден начин, а кога е во опозиција бара нешто друго

Левица: Додека со донации се лечат повредените од Кочани – владата на ДПМНЕ троши милиони за кафе и ЕКСПО 2027

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанковиќ: Молк во Владата по објавувањето на скандалот со милионските проневери во Еразмус+