(ВИДЕО) Димовски: ДУИ со законот за јазици го уценува СДС

Од:

Законот за јазици се носи во очи на локалните избори и претставува политичка уцена од ДУИ кон СДСМ, со што треба да се покријат сите скандали, уцени и неостварени ветувања кон албанското население, обвини пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.

90 отсто од членовите на овој закон се неуставни и излегуваат од Рамковниот договор. Членовите на ДУИ сметаат дека со овој закон ќе ги покријат сите пропусти што ги направиле во изминатите 16 години, рече Димовски на самиот почеток на расправата за Законот за јазиците.

Тој прочита неколку членови од предлог законот за јазици со што истакна дека албанскиот јазик нема да се користи само во органите на државната власт, како што предвидува Рамковниот договор, туку многу пошироко.

– Предлагачот и СДСМ го кршат Уставот и со овој закон предвидуваат 10 други начини на користење на јазикот кои ги нема во Рамковниот договор, рече Димовски.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање