(ВИДЕО) Димовски до Заев: Земјава се наоѓа во политичка агонија, време е да поднесете оставка

Од:

Речиси целата пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ се пријави да реплицира на експозето на премиерот Зоран Заев, за предлозите за нови министри за финансии и за подобрување на инвестициската клима. Репликите се однесуваат на различни прашања од областа на економијата, како и за случајот „Рекет“, но и барања за оставка од Заев.

Илија Димовски обвини дека правниот систем почнал да се разнишува уште од „бомбите“ на Заев и дека е време за оставка. Рече дека земјава се наоѓа во политичка агонија која мора што побрзо да заврши и во овој контекст од говорницата, побара оставка од премиерот Заев.

– Правниот систем не е разнишан, туку разнесен. Се знае кои министри договарале процедури во судските постапки. Најдобро во овој момент и за земјата и за граѓаните и за економијата и за СДСМ е што побрзо да заврши оваа политичка агонија. Време е да поднесете оставка и не мора да го поврзете тоа со ваша политичка или морална одговорност, нагласи Димовски.

На тоа одговори Заев, правејќи паралела како е сега во однос на транспарентноста и работењето на судството, а како беше во времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.

– За разлика од тогаш, премиерот сега е пријавител на случајот, овозможено е целосно независно транспарентно работење на Јавното обвинителство, без каква било пречка, низ истрага, да ги докаже сите аргументи. Тоа се сериозен предизвик за секоја држава и за нас. Ќе покажеме дека овој предизвик е овозможен тука, потенцира Заев.

Трајко Вељаноски пак побара кривично да се одговара за лажење на гласачите.

„Цело време не убедувавте дека може во исто време да сте министер за финансии и премиер, па се повлековте и два месеци чекавме да предложите министер. Во програмата ветивте дека ќе имате влада со 20 членови, тоа не го исполнивте. Може треба да се стави во кривичен законик измама на избирачите, за тоа што сте ветиле, а не исполните“, рече Вељаноски.

Заев реплицираше дека соодветно на бројот на мандати изискувале проширување на коалицијата за стабилна влада и тоа е причината што не е намален бројот на министри.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски