Димовски: Дали Тевдовски е сменет зашто одбил да потпише заем за нов клинички центар?

Од:

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски на денешната седница го праша премиерот Зоран Заев „дали министерот за финансии Драган Тевдовски е сменет зашто одбил да потпише заем за изградба на новиот клинички центар“.

– Прво велите дека Тевдовски ќе ви биде советник, а денес тој вика чао аморе, кажа Димовски, додавајќи дека оваа влада не може да испорача големи резултати бидејќи, во преостанатите десет месеци нема доволно време ниту да се изготви проектна документација и да се удри камен-темелник.

Премиерот Заев, рече дека не е точно оти Тевдовски бил против изградба на нов клинички центар, туку, дека тој се залагал за целосно нов комплекс на друга локација.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски