Димовски: Црвенковски и неговите поддржувачи ќе бидат виновни за манипулациите

Од:

Првиот човек на Центарот за комуникации на владеачката партија, Илија Димовски, во тврдењата на опозицијата за нелегитимен избирачки список препознава обид за удар врз легитимниот изборен процес во Република Македонија.

– СДСМ со манипулација и фалсификувани аргументи на македонската јавност ѝ пласира целосно неточни информации. За нас ова е очекувано сценарио. Ова е веќе најавениот план Б на Црвенковски, план за кој СДСМ донесе одлука да го режира после неуспешниот обид за бојкот на локалните избори – рече Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој потесети дека на 21 декември лани, Дамјан Манчевски член на највисокото раководство на СДСМ, во име на партијата на отворена седница на ДИК, го потврдил ставот на СДСМ дека избирачкиот список е пречистен. Од ВМРО-ДПМНЕ предупредија дека за сите, како што ги нарекоа сценарија, вината ќе паднела лидерот на опозицијата Бранко Црвенковски и тесниот круг на неговите поддржувачи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија