Џингоски: Прилепските училишта презадолжени, повеќе професори од ученици

Од:

„Најголемиот дел од прилепските основни и средни училишта не го решиле проблемот со обезбедување огрев за претстојната грејна сезона.

Локалната самоуправа и градоначалникот Марјан Ристески на автопревозниците кои вршат превоз на ученици не им префрлиле ниту денар од ноември 2011 година. Според наши сознанија, заклучно со 1-ви септемви долгот изнесува околу 500.000 евра, па не е чудно ако наскоро превозниците откажат да ги превезуваат учениците и наставниците“. Ова го кажа Јане Џингоски од СДСМ Прилеп.

Тој праша каде завршуваат овие пари, кои на општинска сметка ги префрла министерството за образование.

„Во исто време училиштата должат поголеми суми за неплатена струја, телефон и комунални услуги, податок кој директорите и локалната власт го кријат како змијата нозете.

Посебна приказна претставува проблемот со малиот број на запишани средношколци и големиот број на наставнички кадар.

Имено, надвор од законот и од секоја логика, не ретко, партиските директори на ДПМНЕ за едно работно место вработуваат по двајца партиски војници и послушници, а од друга страна се бараат согласности за да се формираат паралелки со недоволен број на ученици“, рече Џингоски.

 

Би можело да ве интересира

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

Осум важни достигнувања за осум години: Иновации на Бреинстер што го менуваат образованието

Горан Наумовски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

МОН ветува – ниту еден наставник нема да биде отпуштен, ниту ќе добива помала плата

А1он

Егзодус во Прилеп: 300 деца отпишани од училиште за шест месеци поради селење во странство

Катерина Ѓуровски

Усписите на ученици во средно образование во две пријавувања во јуни

Ана Ололовска