Димитровски поднесе оставка од функцијата заменик-министер за локална самоуправа

Од:

Заменик-министерот за локална самоуправа Зоран Димитровски, кој е од редовите на Демократскиот сојуз, денеска поднесе оставка од функцијата, потврди Демократскиот сојуз преку соопштение.

Повлекувањето од функцијата следува откако Демократскиот сојуз вчера ја напушти владината коалиција.

Премиерот Димитар Ковачевски претходно изјави дека очекува функционерите на ДС да поднесат оставки, оценувајќи дека одлуката на Демократскиот сојуз не претставува никакво нарушување на стабилноста на владиното мнозинство.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски

Левица: Ако економијата расте, зошто Владата постојано зема нови кредити?