Димитровски обвини дека противкандидатот од СДСМ Андонов препишал дел од неговата програма

Од:

Кандидатот за градоначалник на Кочани од редовите на коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ Ратко Димитровски, на денешната прес-конференција реагираше на копирањето на изборната програма која тој веќе ја подели на граѓаните.

Изборната програма на кандидатот за градоначалник на Кочани Миле Андонов, од редовите на СДСМ претставува најгруб плагијат на нашата изборна програма. Според сите морални начела во авторството, треба да се посочи изворот и авторот на оригиналниот текст, во спротивно се смета дека сакате да ја претставите идејата како своја. Ваквото однесување се нарекува плагијаторство и делата се сметаат за плагијат и за истото се одговара перд законот, истакна Димитровски.

Според него, како дополнителен доказ за брзиот „препис“ на програмата на СДСМ е и фактот што програмата на СДСМ нема ниту рокови ниту извор на средства за реализација, ниту фази за реализација. – Сите споменати проекти во „препишаната“ програма се или препишани или неосновани или веќе реализирани од страна на општината или од Владата, рече Димитровски.

Дека се работи за препишана програма Димитровски ги посочи активностите за изградба на нови тротоари, за нови такси попстојки, за отворање на откупно-дистрибутивни центри, за адаптација на градскиот базен, за асвалтирање на улицата „Крум Вранински“ за која векќе е добиен грант, за изградба на мост на Голема река, за кој веќе општината избра изведувач, за паркот на Локубија, за уредување на Пониква во која Мепсо веќе инвестира еден милион денари.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември