Димитров во работна посета на Република Бугарија

Од:

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, од денеска до 16-ти февруари, ќе престојува во работна посета на Република Бугарија, каде е предвидено да оствари повеќе билатерални средби и тоа со: претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, претседателот на Владата, Бојко Борисов и министерката за надворешни работи, Екатерина Захариева.

Во рамки на билатералната средба со министерката Захариева, која е закажана за денеска, предвидено е Mинистрите да извршат размена на ратификациони документи на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, со што и практично ќе се заврши формалната постапка за стапување на Договорот во сила, по неговата ратификација во Собранието на Република Македонија, на 15.1.2018 и во Националното Собрание на Република Бугарија на 18.1.2018.

На покана на Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини и министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева (во својство на земја претседавач со Советот на ЕУ), министерот Димитров, на 15 и 16 февруари 2018 година., ќе учествува и на Неформалниот состанок на Министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија и земјите-кандидати за членство во ЕУ: Македонија, Албанија, Црна Гора, Србија и Турција – GYMNICH.

Дискусиите на состанокот ќе се фокусираат на соработката и партнерството во областа на безбедноста и одбраната.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија