Димитров во дводневна посета на Холандија

Од:

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Димитров денеска и утре ќе престојува во работна посета на Кралството Холандија.

Димитров ќе има средба со новиот министер за надворешни работи на Холандија, Стеф Блок, кој ја презеде должноста во март оваа година, соопшти МНР.

Шефот на македонската дипломатија ќе се сретне и со Мартијн Лукасен, советник за ЕУ прашања на премиерот на Холандија, со генералниот директор за европски работи во МНР, Матијс ван дер Плас, како и со генералниот секретар во Министерството за одбрана, Вин Гертс.

Димитров ќе има и обраќање пред членовите на Комисијата за европски прашања во Парламентот на Холандија, а ќе одржи и предавање на реномираниот Институт за меѓународни односи, Клингендал.

Македонскиот министер за надворешни работи ќе се сретне и со амбасадорот Ахмед Узумчу, генерален директор на Организацијата за забрана на хемиското оружје (OPCW), чие седиште е во холандскиот главен град.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија