Димитров со колегите од Западен Балкан бараат од ЕУ изземање од извозните рестрикции за одредени медицински производи

Од:

На иницијатива на шефот на дипломатијата Никола Димитров, министрите за надворешни работи на земјите од Западниот Балкан денеска испратија писмо до Европската комисија, со барање за изземање на земјите од Западен Балкан од Регулативата на ЕУ со која одредени медицински продукти за лична заштита беа ставени под режим на извозни рестрикции односно специјални извозни дозволи.

Како што соопшти МНР, писмото е испратено до еврокомесарот за трговија Фил Хоган, комесарот за соседство и проширување Оливер Вархеји и до Високиот претставник на ЕУ и потпретседател на ЕК Жозеп Борел.

– Корона вирусот се прошири во сите делови на европскот континент и за да се победи оваа заедничка закана потребна е солидарност и заемна соработка. Со оглед дека секаде први на фронтот со коронавирусот се здравствените работници сите заедно мораме да осигураме дека тие ќе ја имаат во секое време и во доволни количини медицинската опрема за лична заштита. Затоа Ние, партнерите од регионот се обединивме и итно и предлагаме на Европската комисија во предлогот за ревизија на регулативата која е во тек да предвиди изземање од потребата за специјални извозни дозволи за нашиот регион, се наведува во писмото.

Натаму во писмото се додава дека регионот на Западен Балкан е дел од Европа, опкружен со земји членки на ЕУ.

– Изземањето ќе испрати силен сигнал дека сите ние како Европејци работиме заедно за да успешно се соочиме и да го надминеме овој огромен предизвик, стои во писмото на шефовите на дипломатиите од Западен Балкан испратено до Еврокомисијата.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија