(ВИДЕО) Димитров: Северна Македонија е успешна приказна која треба да биде охрабрена

Од:

Мојата земја денес, Северна Македонија, е успешна приказна која треба да биде охрабрена и поддржана ако сакаме да направиме разлика. Најголемата научена лекција од сето ова е дека ние можеме да направиме разлика.

Ова го истакна министерот за надворешни работи Никола Димитров во обраќањето вчера во германскиот Бундестаг на дебатата „Западниот Балкан по решавањето на прашањето за името: постигнувања, предизвици и перспективи“, од која видео е прикачено на неговиот фејсбук профил.

-И покрај тешката политичка ситуација во Европа денес, претстојните европски избори, сите прашања кои се поврзани со тоа, едноставно го немаме луксузот да не успееме во создавањето успешни приказни. Мојата земја Северна Македонија денес е успешна приказна која треба да биде охрабрена и поддржана ако сакаме да напарвиме разлика. Најголемата научена лекција од сето ова е дека ние можеме да направиме разлика. Ништо од ова, ниту помирувањето, ниту Преспанскиот договор не беше неизбежно. Напротив, се случи бидејќи ние тоа го направивме, заедно со лидерстово во Атина, кажа Димитров.

Шефот на дипломатијата претходно во Берлин имаше средби со Јан Хекер, советник за надворешна политика на канцеларката Ангела Меркел и со пратеникот Метин Хакварди на кои побарал препознавањето на македонскиот успех од страна на ЕУ со што Унијата ќе го зголеми влијанието на ЕУ на Балканот, а станало збор и за реформите, за добрососедството, за потребата ЕУ да го потврди заедничкиот успех, мотивирајќи го целиот регион.

Дебатата во Бундестагот ја организираа парламентарните групи на Зелените и на германската секција на Унијата на Европските федералисти, во која членуваат пратеници од четири политички партии – ЦДУ/ЦСУ, Социјал-демократи, Зелените и Либералите.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија