Димитров се сртена со новиот амбасадор на Јордан во Македонија

Од:

Министерот за надворешни работа, Никола Димитров, денеска го прими новоименуваниот амбасадор на Хашемитското Кралство Јордан во Република Македонија, Исмаил Иса Исмаил Рифаие, кој ги предаде копиите од акредитивните писма за неговото именување како вонреден и ополномоштен амбасадор во Македонија со седиште во Анкара.

Како што соопшти МНР, на средбата беше искажана подготвеност од двете страни за натамошно унапредување на меѓусебните односи, за што постојат реални предуслови и можности.

-Посакувајќи му срдечно добредојде и успех во дипломатската мисија, министерот Димитров изрази уверување дека амбасадорот Рифаие, со својот личен ангажман, ќе даде значаен придонес во понатамошниот развој на односите меѓу двете пријателски земји.

Димитров и амбасадорот Рифаие разменија мислења и за одредени надворешно-политички прашања од регионален и глобален интерес, наведуваат од МНР.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија