Димитров се сретна со пратеници на германскиот Бундестаг

Од:

Mинистерот за надворешни работи Никола Димитров вчера оствари средба со Јосип Јуратовиќ и Мартин Розман, пратеници во германскиот Бундестаг од редовите на политичката партија СПД и со претставници од Фондацијата Фридрих Еберт.

Министерот Димитров изрази благодарност за активната и исклучително значајна поддршка на СР Германија во изминативе месеци во насока на постигнатиот напредок на нашиот пат кон ЕУ и НАТО. Притоа изрази задоволство од важната улога што германскиот Бундестаг ја има во овој процес. Информирајќи за текот на реформите и имплементацијата на постигнатиот Договор за решавање на билатералниот спор со соседна Грција, Димитров нагласи дека „зголемениот интерес и зачестените посети на официјални германски претставници се јасна порака за тоа каква Македонија нашиот најважен Европски партнер поддржува и силно охрабрување за чекорите што мораме да ги изодиме во овој клучен период за нашата земја и нејзините граѓани.“

Германските пратеници Јуратовиќ и Розман го поздравија видливиот напредок на Македонија на планот на домашни реформи и во процесите на приближување кон ЕУ и НАТО, посебно акцентирајќи го постигнатиот Договор со Грција. Пратеникот Јуратовиќ потенцираше дека таа претставува “светла точка не само за двете земји, туку и за целиот Балкан и Европа и јасен пример за тоа дека две демократии можат да дојдат до договор и за најкомплицирани прашања, единствено преку отворен дијалог и политика на компромис.“ Јуратовиќ оцени дека овој успех претставува и поттик за сите демократски сили во Регионот и пошироко и дека официјален Берлин силно го поддржува и активно се залага за целосна имплементација на договорот.

На средбата беше изразено заемно задоволство од одличната билатерална соработка меѓу Република Македонија и Сојузна Република Германија и позитивната динамика во комуникацијата со претставниците на германскиот Бундестаг, а беа разменети и мислења за актуелни прашања од поширок регионален карактер.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија