Димитров: Регионот има шанса да направи видлив прогрес во евроинтеграцијата

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска на Блед на состанокот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа ја нагласи важноста од политиката на пријателство, добрососедство и соработка во контекст на европската интеграција.

– Во следната година и половина, регионот има шанса да направи видлив прогрес во европските интеграции. За да ја искористиме, треба да работиме на реформите дома и да инвестираме во добрососедски односи меѓу нас. Ни претстои период на можности и перспективи. Ние мора да демонстрираме посветеност на реформската агенда и на неопходноста од регионална интеракција и соработка. Но, истовремено ние мораме да демонстрираме сопственост врз процесите и подготвеност самите да надминуваме отворени прашања и предизвици. Во актуелниот регионален контекст, „големата слика” е од извонредно значење, нагласи шефот на македонската дипломатија.

Во фокусот на денешниот состанок на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИУ) беа политиката на проширување на ЕУ, регионалната соработка и потребата од инфраструктурно поврзување.

Министерот Димитров учествуваше и на првиот министерски состанок на кој се инаугурираше Фондот за Западен Балкан.

Би можело да ве интересира

Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани

МНР: На девет амбасадори им завршува мандатот, неточни се информациите објавени на дел од порталите

Филипче покажа недоволно познавање на меѓународната политика, реагира Министерството за надворешни

МНР: Македонија ја реафирмира цврстата поддршка за Украина и продолжува со осудата на агресијата на Руската Федерација

Македонија ќе добие нови амбасадори во Украина, Јапонија и Хрватска

МНР ќе бара објаснување од Србија зошто е протерана македонска државјанка од Белград

Горан Наумовски