Димитров: Потребни се солидарност и соработка за надминување на последиците од пандемијата

Од:

На сите ни е јасно дека само преку координиран пристап проткаен со солидарност, соработка и несебична размена на знаења и добри практики ќе ги пребродиме последиците од иницијалната криза предизвикана од пандемијата на Ковид-19, изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров во обраќањето на видео-конференција на Советот на Јадранско–јонската иницијатива и министерски состанок на Стратегијата на ЕУ за Јадранско-јонскиот регион (ЕУАСИР), чиј главен фокус беше координацијата во справувањето со последиците од пандемијата со короната.

– Претставува задоволство што на денешнава конференција во рамки на овој важен форум за регионална соработка и промоција на ЕУ интегративните процеси, кон кој пристапивме пред две години, е потенцирана и убавата симболика со одлуките на Советот на ЕУ во март годинава за почеток на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија, чие натамошно ефектуирање ќе биде во фокус и на претстојното словенечко претседателство со Иницијативата, нагласи Димитров.

Како што соопшти Министерството за надворешни работи учесниците на средбата разменија мислења околу тековната и идна фаза за справување со социо-економските последици и останатите предизвици предизвикани од Ковид-19.

– Сите учесници се согласија дека оваа пандемија претставува закана без преседан за економскиот раст на земјите членки на иницијативата, од ЕУ и од регионот на Западен Балкан. Истовремено кризата докажа и дека солидарноста, соработката и координацијата на билатерално, регионално и меѓународно ниво, се клучни за отстранување на таквите закани и нивните последици, се додава во соопштението.

Министрите заклучиле дека главен приоритет останува минимизирањето на последиците врз здравствените системи и здравјето на граѓаните, но истовремено и рестартирање на економијата и адресирање на социјалните импликации од економскиот пад, предизвикан од пандемијата.

– Во овој контекст, потребна е интензивирана и продлабочена соработка за утврдување на заемни решенија со цел безбедно отворање на границите и слободно патување на граѓаните, непречено одвивање на транспортот, зајакнување на трговијата и отворање на туристичките капацитети, преку размена на најдобри практики и почитување на здравствените протоколи, се наведува во соопштението.

Министерската видео-конференција е дел од редовните годишни состаноци организирани од страна на претседавачите со иницијативата (Србија), при што од оваа година првпат учествуваше и Северна Македонија, која на 2 април 2020 година официјално стана деветтата земја членка на Стратегијата на ЕУ за Јадранско-јонскиот регион.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија